Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрујовски и Бошковски упасени во Солун

Грујовски и Бошковски упасени во Солун

Поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и Никола Бошковски, вработен во УБК, синоќа се уапсени во Солун.

Грчката полицијата постапила по меѓународната потерница која е распишана од македонските власти и по лоцирањето, ги привела.

Од МВР сè уште не ја потврдуваат официјално оваа информација и рекоа дека дополнително ќе известат.

Министерството за внатрешни работи на 30 јули ги објави потерниците за Горан Грујовски и за Никола Бошковски кои се во бегство.

Грујовски и Бошковски се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“, преку кои СЈО треба да утврди кој нелегално прислушувал во земјава со години. И двајцата се недостапни за органите на прогонот откако судот донесе одлука да бидат ставени во притвор поради вршење притисок врз сведоци.