Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрујевски и Бошковски пред солунскиот суд за лажните пасоши

Грујевски и Бошковски пред солунскиот суд за лажните пасоши

Во Судот во Солун денеска треба да биде одржано рочиште за поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и вработениот во УБК Никола Бошковски, по кои македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, а грчките власти ги товарат за поседување лажни патни исправи.

Грујовски и Бошковски досега два пати беа изведени пред Судот во Солун, но рочиштата беа одлагани бидејќи грчкиот суд не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.

Двајцата беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Грујовски и Бошковски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Македонските власти на 6 номври ја доставија документацијата за нивна екстрадиција од Грција.

Судското рочиште за нивна екстрадиција што беше закажано за 29 ноември беше одложено за 13 декември поради отсуство на адвокат од тричлениот адвокатски тим на Грујоевски и Бошковски, од една страна, и некомплетираниот превод на документацијата испратена од македонското Министерство за правда, од друга страна.

Дотогаш се очекува судот да ги добие преводите на документите, испратени од македонското Министерство за правда.

Грујовски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во Солун.