Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски загрижен долета во земјава и во 4 по полноќ го обвини СДСМ за насилството, иако тепачите се од редовите на неговата партија

Груевски загрижен долета во земјава и во 4 по полноќ го обвини СДСМ за насилството, иако тепачите се од редовите на неговата партија

Никола Груевски се врати од Австрија и одржа прес конференција во нешто по 4 часот по полноќ. Тој рече дека на состанокот во Австрија бил известен за она што се случувало во Собранието.

Груевски го осуди насилството и повика да не ставаат во ист кош граѓаните кои деновиве протестираа со оние кои вечерва тепаа. Ги поздрави пратениците од своите редови кои би бранеле пратениците на СДСМ од насилниците.

Очекувано, Груевски го осуди и изборот на спикер и рече дека се прекршени законските процедури. Тој го обвини СДСМ за ескалацијата на насилството. Раководството на СДСМ и другите партии во својата коалиција провоцираа и директно ја предизвикаа оваа состојба и го загрозија уставниот поредок на оваа земја – рече Груевски.

Антидржавните платформи беа дел од реториката на Груевски. Тој најави дека ВМРО ДПМНЕ во наредните денови ќе ги објави своите наредни чекори.

Груевски повика да се прифати предлогот на Иванов за лидерска средба и повторно побара нови избори.

Како и секогаш, буквално за се, Груевски го обвини СДСМ. Тој рече дека СДСМ го силувале Парламентот, иако оние кои упаднаа беа од редовите на ВМРО ДПМНЕ.