Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски за Блиц: Ќе преземеме се да спречиме остварување на идеја за нечија голема држава

Груевски за Блиц: Ќе преземеме се да спречиме остварување на идеја за нечија голема држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за српски Блиц посочи дека остварувањето на Тиранската платформа ќе биде многу штено за Македонија, но и потенцијално опасно за Балканот каде е доволна само една искра. За Зоран Заев смета дека е уценет политичар кој јавно може да негира дека ја прифатил платформата, но повеќе пати неговите коалициони партнери докажале на што се спремни.

Дали во Македонија може да се случи косовско сценарио? Верувате ли дека тоа е чекор поблиску до создавање на Голема Албанија, стои во прашањето на Блиц.

„Албанците треба да ги бараат сите права. Доколку Заев се повлече, сите албански партии по итно ќе мора да се здружат и да помогнат да се одржи референдум за прогласување на независност. Албанците од ОВК рекоа дека по секоја цена ќе ја бранат Илирида (дел од Македонија за кој Албанците тежнеат да го отцепат). Ние денес им велиме – не сте сами, Албанија е со вас! Заедно можеме да ја одбраниме светата земја Илирида. Таа е албанска! Албанија на четирите вилаети, Албанија со осум милиони Албанци.“ Ова е цитат од албанската пратеничка Месила Дода која е коалиционен партнер на премиерот Еди Рама, еден од креаторите на Тиранската платформа. Зарем има потреба за коментар на една ваква изјава? Ние ја осудивме и чувствуваме потреба да преземеме се што е во наша моќ да го спречиме остварувањето на ваквата националистичка идеја за голема држава, одговори Груевски.

Блиц го праша Груевски и за можното носење на резолуција за осуда на Геноцидот врз Албанците каде Србија треба да биде осудена, но Заев посочи дека тоа е само измислица на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев е константен лажго. Ние не мора да кажеме ништо, доволно е да ја прочитате Тиранската платформа. Таму се бара осуда за геноцидот врз Албанците во периодот од 1912-1956. Коалициониот партнер на Заев, албанскиот пратеник Зијадин Села го повтори овој свој став и на собраниската говорница обвини дека геноцидот врз Албанците трае до денес. Села дури и го негираше постоењето на македонскиот идентитет и го оспори постоењето на македонскиот народ. Кога зборувавме дека Заев е уценет и дека е ставен во функција на рушење на нашиот идентитет на Македонија, тој тврдеше дека сценариото е само во нашите глави. Верувам дека е јасно дека сме биле во право, рече Груевски за Блиц.