Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски утре ќе поднесе оставка до претседателот на Собранието

Груевски утре ќе поднесе оставка до претседателот на Собранието

Никола Груевски утре ќе испрати писмо до претседателот на собранието со кое ќе поднесе оставка од премиерската функција. Тој рече дека сите обврски од пржинскиот договор ги исполниле во целост и останува уште тој да се повлече на 100 дена пред изборите.

Истакна дека тоа го прави поради верба во демократијата и верува во нова победа против СДСМ. Најави нов почеток во кој граѓаните ќе заборават на политичката криза.

Во меѓувреме, порталот Прес24 објави информација дека Емил Димитриев ќе дојде на местото на Никола Груевски.