Saturday, Mar 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски треба да се појави во суд за случајот „Шамари“

Груевски треба да се појави во суд за случајот „Шамари“

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се одржи ново рочиште за насилствата пред Општина Центар од 2013 година, по обвинението поднесено од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Обвинети во случајот „Шамари“ се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспoрт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и десетина други лица.

Судењето требаше да почне на 3 мај годинава. Тогаш се појавија 20-тина оштетени и сведоци за кршењето на општината во 2013 година, а меѓу нив беше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Тогаш, на првото рочиште, поради отсуство на петмина од обвинетите, судијката Татјана Михајлова ја одложи расправата за предметот.