Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски спремен да ги прифати предлозите на опозицијата, но не дава оставка

Груевски спремен да ги прифати предлозите на опозицијата, но не дава оставка

Премиерот Никола Груевски во интервју за „Фајненшл тајмс“ вели дека е подготвен да ги прифати предлозите на опозицијата за распределба на клучните позиции во периодот до предвремените избори, но не прифаќа да се повлече од премиерската фунција.

„Со тоа (барањата за оставка) не се согласуваме. Само граѓаните имаат право да кажат кој треба да влезе во владата, а кој да биде во опозиција“, вели Груевски. Тој не ја исклучува ниту можноста од промени во Државната изборна комисија за да добие поголеми овластувања.

„Подготвени сме да прифатиме многу идеи кои ќе ја зголемат довербата на опозицијата кон изборниот процес“, порача Груевски.
„Ги поканувам набљудувачите на ОБСЕ и од секаде. Колку повеќе ќе дојдат, толку подобро за нас, бидејќи ќе видат дека сè ќе биде направено на фер и демократски начин“, вели Груевски во интервјуто.

извор:Мета.мк