HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски со партиска турнеја во САД

Груевски со партиска турнеја во САД

Никола Груевски со делегација на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на САД каде одржува средби со голем број на конгресмени, политичари, луѓе од јавниот и политичкиот живот со цел пренесување на партиските, но и државните позиции. Низ средбите се лобира и за Македонија и нејзините интереси во пресрет на американските избори за претседател кои ќе се одржат во ноември со тоа што ВМРО-ДПМНЕ традиционално има подобри односи со Републиканската партија.

Груевски заедно со партиската делегација во чиј состав се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев во Американскиот конгрес остварија средба со конгресменот Кристофер Смит, информираат од партијата.

gruevski-kristofer-smit-1-640x428

На средбата било разговарано за актуелната политичка состојба, за состојбата со мигрантите како и стратешката определба на државата за членство во НАТО.

Груевски ги образложил приоритетите на Република Македонија во насока на нејзино целосно интегрирање во НАТО алијансата. Станало збор и за престојните избори како единствен излез од наметната политичка криза.

Конгресменот Кристофер Смит изразил силна поддршка на Република Македонија и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во справувањето со предизвиците и реализација на стратешките интереси за интегрирање во НАТО.

– Цврсто сум уверен дека Македонија треба да стане членка на НАТО веднаш. Со сигурност ги исполни критериумите, со извонредно лидерство на Груевски. Имав многу добар состанок разговарајќи за овие прашања, и мислам дека државата ќе биде додадена вредност во алијансата, лојален партнер и пријател. Државата треба да стане членка што поскоро и следниот претседател на САД ова прашање треба да го стави во приоритетите, изјавил конгресменот Смит.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ остварил средба и со доскорешниот заменик државен секретар и поранешен потсекретар за политички прашања во американскиот Стејт Департмент Венди Шерман, како и со Елен Ташер која беше потсекретар на Хилари Клинтон и долгогодишен конгресмен на државата Калифорнија. На средбите се разговараше за исполнување на стратешките определби на Република Македонија, можностите за дополнително интензивирање и јакнење на пријателството меѓу двете држави, кое освен политичка компонента содржи и огромен економски потенцијал.

Претседателот Никола Груевски заедно со партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на вечера со повеќе конгресмени, сенатори, луѓе кои имаат влијание врз јавното мислење и личности од политичкиот живот на САД. На вечерата присуствуваа Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет која е единствена граѓанска организација на НАТО, Мајкл Верц потпретседател на центарот за американски прогрес, која е една од највлијателните организации во САД, Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите, Даниел Сервер и Мајкл Хелтшел професори од Џон Хопкинс Универзитетот, како и други луѓе од политичкиот живот на САД.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com