Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски со ОБСЕ: Осуда за противуставното гласање за Талат Џафери

Груевски со ОБСЕ: Осуда за противуставното гласање за Талат Џафери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев остварија средба со високи претставници на делегацијата од ОБСЕ.

На средбата како што соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ биле презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба и предизвиците со кој се соочува државата.

gruevski obse

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било осудено непочитувањето на Уставот, законите и деловникот на Собранието од страна на СДС и нивните коалициони партнери. Било истакнато дека преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери, надвор од сите пропишани процедури води кон други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Таквото затруено дрво ќе роди затруени плодови, и уште поголема нестабилност и продлабочување на политичката криза, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ било истакното дека потребно е гласање за претседател на Собрание целосно почитувајќи ги процедурите пропишани со законските и уставни норми. Нивното прекршување ќе повлекува кривична одговорност за сторителите на незаконскиот акт. ВМРО-ДПМНЕ, се посочува, ќе продолжи да дејствува согласно интересите на граѓаните и Република Македонија.