HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски со непочитување до крај – во 10 години власт ниту еднаш не дојде на време

Груевски со непочитување до крај – во 10 години власт ниту еднаш не дојде на време

gruevski

Доцнењето е знак на непочитување, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од својата навика за доцнење. Дури ни денеска на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори не ги испочитува лидерите на останатите партии и коалиции и доцнеше 20 минути. Сепак, мора да признаеме дека има напредок, со оглед на фактот дека медиумите и колегите, во изминативе години, го чекале и по повеќе од 40 минути.

Инаку, дел од партиите се најдоа наврдени и не го чекаа поранешниот премиер за да го потпишат Кодексот, па Груевски последен, сам го потпиша.

Инаку, Зоран Заев истакна дека изборите ќе бидат регуларни, а дали ќе бидат фер и демократски треба да се праша партијата на власт, Павле Трајанов очекува сите да се однесуваат фер но досега владеачката партија не била подготвена за фер избори. Од ПДП сметаат дека потпишувањето на кодексот е само политичка фарса, додека Ивон Величковски рече дека не верува дека оние што ја креира кризата ќе останат на потпишаниот збор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com