Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: СЈО го мрази ВМРО и се однесува удбашки

Груевски: СЈО го мрази ВМРО и се однесува удбашки

Никола Груевски во вториот дел од интервјуто за Телеграф повторно го обвнини СЈО дека дејствува политички и дека главната задача му е да работи за интересите на Зоран Заев и СДСМ, а на целосна штета врз неговата партија без приложување на никакви докази и непочитување на законите.

„Еве, нема да се занимавам со инсинуации и со аферите што го следат работењето на СЈО, ќе се задржам на неспорните факти. Најпрвин, најголемиот дел од тие обвинители со висок степен на омраза говорат и се однесуваат кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нивните прес-конференции личат на политички настапи, со огромна доза на театар, без докази, со однапред подготвени флоскули од нивна страна, веќе се прогласени за виновни луѓе за кои воопшто нема покренато ниту обвинение, а уште помалку да се изјаснил судот. Нивните активности се апсолутно селективни и се насочени единствено кон една политичка партија, кон раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Груевски.

sjo

Во речиси целото интервју Груевски изрече серија на сериозни обвинувања за методите на работа на СЈО, дека нивните обвинители биле непрофесионални, арогантни, дека ја злоупотребувале функцијата, се заканувале на сведоци, врбувале вешти лица за изготвување на лажни вештачења, а за време на нивните пресови биле полни со омраза кон ВМРО-ДПМНЕ