Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски „сефте“ во Собрание и веднаш доби жесток напад од Николовски

Груевски „сефте“ во Собрание и веднаш доби жесток напад од Николовски

Екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ одамна не ја вршел функцијата пратеник, па дури по една недела од почетокот на работата седна во парламентарните клупи. Неговото појавување во Собранието, овој пат во улога на пратеник не помина незабележано од опозицијата која продолжи со напади врз функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а овој пат таргетиран е директно Груевски.

– Ова е тековна состојба на „Бест веј инвестмент“ од Скопје коишто токму во овој период додека луѓето протестираат надвор ја купува „Ом Петрол“. Управител, односно единствен содружник на оваа компанија е синот на првиот братучед на Никола Груевски. Токму преку овие зделки, додека граѓаните протестираат се шири богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи. Не е патриотизмот во прашање, не е ништо друго во прашање. Во прашање е ширењето на богатството на оваа криминална власт. Но правдата доаѓа, криминално стекнатиот имот ќе биде конфискуван – рече Николовски.

Покрај овие обвинувања, дебатата во Собранието не се поместува од мртвата точка и не се разговара за суштината на точките од дневниот ред, а тоа е утврдување на комисијата за избори и именувањеи потоа давање предлог за избор на нов претседател на законодавниот дом.

Архивско фото: telegraf.mk