Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски се сретна со германскиот парламентарец Тобијас Зек

Груевски се сретна со германскиот парламентарец Тобијас Зек

За време на престојот во Малта, Груевски денеска имаше разговор со Тобијас Зек член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија.

Како што информираат од партијата на Груевски, тој го запознал соговорникот за најновите политички случувања во Македонија,

Груевски, како што се наведува во партиското соопштение, потенцирал дека сите досега преземеми чекори на ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со демократските принципи и пракси, но и дека постојат нараснати тензии кај населението кое веќе 30 дена без прекин масовно протестира против оваа, како што се истакнува во соопштението, изборна измама.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека покрај овие теми во разговорот се дискутирало и за можните ризици од нова мигранска криза, при што Груевски потенцирал дека се додека ВМРО-ДПМНЕ управува со земјата, границите на Македонија ќе бидат заштитени, и покрај огромните напори и финасирања на Институтот отворено општество во обратен правец.

Средбата со Тобијас се одржа во Малта, каде од утре почнува самитот и конгрес на Европската народна партија, каде свое учество ќе земе и делегација на ВМРО-ДПМНЕ, која е претставена како партија од ФИРОМ, што предизвика низа контроверзии во земјава, со оглед на фактот што Груевски сепак ја прифатил поканата без разлика на употребата на привремената референца и жестоките дискусии во Собранието деновиве.