Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски се слушал со Чавков, не знае кога му ѕвонел Нухиу

Груевски се слушал со Чавков, не знае кога му ѕвонел Нухиу

Никола Груевски, за време на интервјуто во Топ Тема откри дека за време на собраниските напади бил во комуникација со Директорот на бирото за јавна безбедност Митко Чавков за да го информира за состојбата.

„Ми кажаа дека веќе има некаков пренос и сакав да видам што е тоа. Прво погледнав преку интернет да видам за што станува збор, за што ме извадија од состанок. Откако добро видов, почнав да вртам телефони кај сите мои соработници. Меѓу другите, го побарав и Чавков да го прашам што се случува. Ми објасни што се случува и она што јас го кажав е дека полицијата треба професионално да постапи и да ги одбрани животите на сите таму“, кажа Груевски, кој завчера беше во Виена.

Претходно, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу рече дека „од ескалацијата сè до 20 часот, раководителот на оперативниот штаб Чавков не беше достапен за мене, иако го барав и телефонски и лично“.

„Не знам во кое време му вртел Нухиу, а во кое време јас“, одговори Груевски на прашањето на Чомовски зошто Чавков не бил достапен долго време за министерот за внатрешни работи.