Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски се пофали со две странски инвестиции

Груевски се пофали со две странски инвестиции

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја засилува својата активност и надвор од владиниот тим пофалувајќи се со две странски инвестции. Едната е од Key Safety Systems кои го стартуваат производството во Кичево, а втората е нова странска инвестиција во оштина Илинден од страна на турската Атајмач.
kss-2Инвестицијата на Key Safety Systems е вредна околу 15 милиони долари и ќе се отворат 1 000 нови работни места. Тоа се 1000 вработувања за Кичево што ќе значи сигурна плата и нови можности за вработените. Република Македонија добива фабрика каде ќе се произведуваат со врвен квалитет воздушни перничиња, како и други компоненти од безбедносната заштита од сферата на автомобилската индустрија применувани во познати светски брендови, се пофали Никола Груевски на Facebook.

Атајмач откупи од општината земјиште со површина од 87 илјади м2, во индустриската зона Илинден, при што низ повеќегодишен план ќе бидат инвестирани 10 милиони евра, а во првата фаза ќе има до 100 вработени. Освен отворањето на нови работни места, оваа инвестиција е значајна и за македонското земјоделие во насока на обезбедување на стабилен откуп и дистрибуција на земјоделските производи, потсети Груевски за успесите на неговиот тим.