Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: СДСМ ресорите каде ветуваше реформи ги даде на коалиционите партнери

Груевски: СДСМ ресорите каде ветуваше реформи ги даде на коалиционите партнери

СДСМ нема лица кои се експерти за привлекување странски инвестиции, поради што  ќе опадне бројот на странски инвестиции, загрижен е екс премиерот Никола Груевски кој вели дека Заев набрзина ја создал владата за да задоволи нечии апетити.

„Се гледало во СДСМ да се задоволи првиот тим кој што излезе на избори со Заев и кој што ги загуби изборите, не ја доби поддршката на мнозинството граѓани, сега тие луѓе кои што ги изгубија изборите, на кои што народот не им ја даде довербата, тие ќе бидат министри и тие ќе ги креираат наредните чекори за Република Македонија. Исто така, видливо е дека најважните извори за кои што СДСМ говореше дека ќе работи многу за реформи во тие ресори, ги избегна и ги даде на коалиционите партнери. Да кажеме Министерството за правда, Министерството за здравство, или пак да кажеме моментот дека одбегнуваат да стават било кој, барем еден министер за привлекување на странски инвестиции, значи од старт се гледа дека фокусот на внимание за привлекување на странски инвестиции сериозно ќе опадне. За среќа нашата влада во овој период толку многу работеше на ова, што веќе има огромен број кои што се во фаза на донесување на одлука, во наредните година, година и пол, ќе има инвеститори кои што се изработени од оваа влада, кои што се веќе во длабока фаза, кои што ги имаат изработено своите планови, некои од нив и донесени одлуки или се пред донесување одлука, подготвени локации, подготвено се што им е потребно, проекти за градба на фабрики итн. Но она што е жалосно е што нема да има многу нови, затоа што новите ќе немаат соговорници како што имаа досега, досега имаше многу соговорници и од сите страни на некој начин им беше приоѓано, да се разговара со нив со стратегија како да се привлечат“, изјави Груевски.