HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Продолжуваме со реформи и силно темпо во новото историско време

Груевски: Продолжуваме со реформи и силно темпо во новото историско време

nikola-gruevski-miting

Никола Груевски на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери во Скопје порача дека ќе продолжат со реформите и ќе работат за доброто на државата, а најпрво им се заблагодари на гостите од странство кои му дадоа поддршка, меѓу кои беше и австрискиот политичар Себастијан Курц.

5

– Сакам овој голем митинг да го започнам со изразување на голема благодарност на нашите пријатели од меѓународната заедница, министерот за надворешни работи на Австрија и потпретседателот на Европската народна партија, кои дојдоа тука денес заедно допатуваа да ни изразат поддршка во пресрет на овие избори и заедно да докажеме дека Македонија има европска перспектива, и дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО, и да им покажат на сите скептици дека заеднички можеме тоа да го сториме, Македонија да оди напред и да почне една нова ера за нашата држава.

15271496_10209609260901662_1151573672_o

Груевски им се заблагодари и на сите предводници на коалиционите партнери.

– Сакам да порачам, продолжуваме заедно напред после новата голема победа на овие избори која ќе ја добиеме, продолжуваме со реформи и силно темпо во новото историско време пред нас да работиме сплотено за интересите на нашата држава и народ, за интересите на нашите граѓани, рече Груевски.

Груевски ги потсети присутните на големиот митинг од 18-ти мај на истото место.

– Сигурен сум, се сеќавате на нашиот огромен митинг на 18-ти мај на истото ова место, митинг според многумина прогласен за најголем во историјата на државата, кога реки народ од сите страни на државата и главниот град доаѓаа кон ова место, горди и со високо кренати глави. Сите тие луѓе дојдоа тогаш со една работа во своето срце – љубов кон државата! Знаејќи јасно што е што, и кој е кој, што и се случува на државата и свесни дека од секој од вас зависи во каква насока ќе оди државата! Свесни за неправдите, но и сигурни во тоа во што сите ние и сите вие верувате! Просперитетна Македонија, земја на напредок и реформи, држава на соживот, земја без кризи туку со решенија и со одење напред, порача Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com