HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски нека измислува анкети, народот сака слобода, порача Заев

Груевски нека измислува анкети, народот сака слобода, порача Заев

zoran-zaev-miting

Зоран Заев на митингтот на СДСМ и коалиционите партнери во Виница посочи дека ќе има промени за граѓаните по 11 декември откако ќе падне режимот на Груевски и порача дека не верува на неговите нарачани анкети, а народот е желен за живот.

„Груевски може да измислува анкети колку сака! Ништо не му помага, овој народ е желен за живот и слобода! На 11 декември овој одлучен народ ќе си ја врати државата!“ порача Заев од Виница.

Заев ја побара поддршката од граѓаните за Планот за живот за младите да останат во Македонија. Тој рече дека по седум основи парите ќе се враќаат кон граѓаните, а трошоците ќе се намалуваaт. Како што рече, годишно од буџетот се крадат по 400 милиони евра, а 300 милиони евра се трошат непродуктивно.

„Македонија има потенцијал! Парите што ги крадеа ќе ги пуштиме кон вас. Ќе има и за просечна плата од 30.000 денари. Ќе се враќа 15% од ддв за плата плус во секое семејство!“ го заврши своето обраќање пред граѓаните на Виница претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com