Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски не успеал да дознае од Борисов што со Заев договориле во Софија

Груевски не успеал да дознае од Борисов што со Заев договориле во Софија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска по завршувањето на самитот на ЕПП во Брисел, се сретнал со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. На средбата зборувале за потребата Македонија да стане членка на НАТО и Европската унија.

-Не дознав ништо од она што се договорил на средбите во минатите два дена во Софија и нормално е јавноста и ние како опозиција да го тоа дознаеме од моменталниот премиер на Македонија, истакна Груевски по средбата со Борисов.

Посочи дека Борисов ги знае позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ги реафирмирав позициите на ВМРО-ДПМНЕ по прашањето на договорот за пријателство со Бугарија, кој што треба да се потпише, но се разбира, треба да се внимава што тој ќе содржи и тој да нема последици понатака ниту за Бугарија, ниту за Република Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик, потенцира Груевски.