Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Не сум нарачал ниту поттикнал напад врз Заев

Груевски: Не сум нарачал ниту поттикнал напад врз Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на Топ Тема на Телма посочи дека тој ниту порачал ниту го поттикнал насилството во Собранието на Република Македонија, ниту пак имал план за атентат врз Зоран Заев. Груевски смета дека СДСМ и нивните коалициони партнери од албанскиот блок ги прекршиле Уставот, Деловникот и законите при нелигитмното гласање на Талат Џафери за нов собраниски претседател и смета дека токму таа постапка довела до ескалација на насилството.