Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски не се согласува со Иванов, корист има само СДСМ

Груевски не се согласува со Иванов, корист има само СДСМ

Одлуката на Иванов е погрешна и штетна во овој момент за државата и ние како ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваме со тоа, но претседателот не направи ништо надвор од Уставот и законите е главниот став кој го пренесе Груевски. Дополнително со ова корист добива СДСМ бидејќи против Заев и Верушевски има сериозни постапки со прибрани докази. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се чуствуваат виновно, а СЈО поведе постапки само против нивни членови.

„СДСМ и Заев организираат насилство на улиците, а во медиумите тврдат дека се залагаат за конструктивност, што е вообичаено за нив, едно да зборат, друго да прават, најавувајќи лефтерно „Украинско сценарио“ со илјадници жртви, само за да дојдат на власт без поддршка на мнозинството на граѓаните. Додека стојам нема да ти го дозволам тоа“, посочи Груевски.

Во суштина Груевски не даде никаков предлог како да се надмине кризата, освен што го предупреди Заев да не организира насилни протести кои нема да бидат дозволени по ниту еден основ, а исто така посочи дека од аболицијата не може да се откаже бидејќи во консултација со неговиот правен тим нема таква можност.