Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Не сакав СДСМ да шири омраза и конфликти, одговорив на се

Груевски: Не сакав СДСМ да шири омраза и конфликти, одговорив на се

Премиерот Никола Груевски денес сведочеше пред Анкетната комисија за скандалот со прислушкување која беше затворена за јавноста. Според Груевски тој побарал затворена седница за да не им дозволи на опозициските пратеници да продолжат да шират омраза и да создаваат конфликти за јавноста, додека пак на сите поставени прашање дал одговор, а тие ставови и досега ги споделувал со медиумите.

По сведочењето Груевски на повторувањата на новинарските прашања зошто побарал затворена седница им одговори да ја прегледаат снимката бидејќи веќе им го дал одговорот, а исто така посочи дека „вистинската“ анкетна комисија ќе ја одржи народот на следните предвремени избори.

petre silegov

Претседателот на комисијата Петре Шилегов тврди дека ниту во прашањата, ниту во одговорите на Груевски немало класифицирани и доверливи податоци и дека со оваа постапка ја „торпедирал“ нејзината работа.

Во следните денови треба да сведочат и останатите функционери од власта и владејачката партија, но најверојатно и тие ќе побараат да сведочат зад затворени врати.