HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Не го оправдувам Миленко, поттикна омраза и негативна енергија

Груевски: Не го оправдувам Миленко, поттикна омраза и негативна енергија

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на јавноста за неодамнешниот инцидент со кршење на спомен плочата на Кајмакчалан поставена од бугарски војници за одбележување на огромниот број на жртви во битката пред 100 години. Еве што екс премиерот мисли за постапката на Миленко Неделковски кој со чекан ја искрши плочата и го навлече гневот на бугарската јавност.

– Во врска со настаните поврзани со плочата на Кајмакчалан не можам да го оправдам ниту нелегалното поставување на спомен плоча од војници од друга држава кои нелегално ја поминале границата и нелегално поставиле спомен плоча во Македонија, ниту пак начинот на кој новинарот Миленко Неделковски решил индивидуално и со чин кој генерира негативна енергија и омраза да се справи со овој чин.

Со оглед дека се работи за голем историски настан, со учество на 1.200.000 војници од двете страни – Бугарија и Србија, во чиј состав имало и огромен број Македонци, некои како доброволци, некои со присилна мобилизација, а најмногу од нив околу 33 илјади биле во 11-тата бригада на бугарската армија, која била бригада составена од борци на ВМРО, поранешни комити и војводи, сосема нормално е за таков историски настан, кој во западната историографија е именуван како Македонски фронт, да има спомен обележје, посочи Груевски.

milenko1

Според него по институционален пат Бугарија има право да побара да се постави спомен плоча на Кајмакчалан, а исто така и Македонија треба да го одбележи овие неколку точки бидејќи голем број на македонци погинале во битките, а многу често мобилизирани во различни војски се судирале брат со брат. Меѓусебната почит е услов за подобрување на односите, заклучи Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com