Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: На 15-ти октомври имаме локални избори и референдум за новата ера

Груевски: На 15-ти октомври имаме локални избори и референдум за новата ера

На 15-ти октомври имаме локални избори, но истовремено и референдум на народот за новата ера која доаѓа. Луѓето веќе направија споредба, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој се одржа во Охрид од каде Коалицијата „За подобра Македонија“ ја започна изборната кампања.

Груевски потсети како во најголемиот ек на политичката криза економијата растеше, инвеститори доаѓаа и отвораа нови работни места. Целиот овој пад на економијата почнува токму откако се формираше новата влада, рече тој. Груевски ја обвини актуелната власт дека ги запрела сите градежни проекти во државата, трите автопати, клиничкиот центар во Скопје, само поради гнев и инает. Ја запреа економијата и немаат никаков план како да продолжат. Барајќи поддршка за кандидатите на ВМРО, Груевски истакна дека партијата подготвила план за секоја општина и за успех ан Македонија за следната деценија.