Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Можев да побегнам, ако сакав

Груевски: Можев да побегнам, ако сакав

СЈО година ипол објавува дека ќе добиеме обвиненија. Ако сакав да избегам, можев да избегам, знаев дека или на 28 или на 29 или на 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази, рече лидерот на опозицијата, Никола Груевски, објави А1 он.

– Се работи за политичка хајка, против мене лично, против моите соработници и против партијата. Ако сме сакале да бегаме сме имале толку многу можности, толку многу патувања и во време кога знаевме дека ќе има обвиненија. Јасна е работата дека станува збор за политичка хајка со цел СДСМ да ги прикрие своите неуспеси и плановите кои ги има да ги направи поврзани со државните и националните интереси, а ние да се занимаваме со вакви проблеми, вели Груевски.