Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Македонија што побрзо да добие покана од НАТО и ЕУ

Груевски: Македонија што побрзо да добие покана од НАТО и ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потврди дека останува на заложбата Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ што е дел од стратешката определба, но мора меѓународната заедница да придонесе да заврши блокадата на Грција.

– Македонија предолго се држи надвор од НАТО и од Европската унија. Предолго Грција не дозволи да започнат преговорите со ЕУ и да ја добиеме поканата за членство во НАТО. Уште во 2008 година Македонија ги исполни условите за да ја добие поканата за НАТО, а тоа сите граѓани го знаат. Тоа се стопираше на Самитот на НАТО во Букурешт, а следната година веќе дојде препораката од Европската комисија до Европскиот совет за започнување на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Оттогаш поминаа 7-8 години како Македонија се држи надвор од НАТО. Тоа не е добро, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на општина Ресен.

Тој апелираше до членките на НАТО и ЕУ да ги започнат преговорите согласно договорот од 1995 година според кој, како што рече, нема никаква пречка да се започнат преговорите, а прашањето со јужниот сосед да се решава во од.