Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски ќе си го бара пасошот преку Апелација

Груевски ќе си го бара пасошот преку Апелација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговата одбрана денеска во 14 часот на јавна седница во Апелациониот суд ќе аргументираат зошто Судот треба да му го врати пасошот на експремиерот, кој му беше одземен како превентивна мерка за предметот на СЈО во кој е обвинет – „Титаник“. Катица Јанева и нејзиниот тим бараше притвор за Груевски како обвинет за изборни нерегуларности во предметот.

Груевски поднесе барање до скопска единица да му биде вратен пасошот бидејќи еднаш веќе била воспоставена таква пракса, со неговиот политички противник Зоран Заев, кога пасошот му бил вратен на негово барање, дека како лидер на опозиција мора да излегува од земјава поради службени патувања. Судот сепак одлучи да му го одземе пасошот и му даде обврска да се јавува еднаш неделно во Кривичен за да го потврди своето присуство.