Tuesday, Mar 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиГруевски изреагира, „Гардијан“ го промени насловот на интервјуто

Груевски изреагира, „Гардијан“ го промени насловот на интервјуто

По реакцијата на премиерот Никола Груевски дека во насловот не се кријат негови зборови туку се работи само за обичен новинарски коментар, тој веднаш реагираше до британски „Гардијан“ кој потоа резултираше со промена на насловот на интервјуто.


„Такво нешто не сум изјавил. Ние ќе реагираме и до „Гардиjан“. Тоа се гледа и од самиот текст каде што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно“, изјави Груевски.


Првичниот наслов гласеше „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24-годишниот проблем со Грција“, а новиот наслов е „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“.