Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски има резерва дека Заев навистина се откажал од Тиранската платформа

Груевски има резерва дека Заев навистина се откажал од Тиранската платформа

Груевски и натаму предупредува дека Тиранската платформа на албанските коалициони партнери на Зоран Заев не е завршена како закана врз унитарноста на Македонија без оглед што беа доставени гаранции до Иванов.

– Уште кога Заев ги даде гаранциите и кога го потпиша оној документ со кој се обврза дека нема да ја прифати тиранската платформа јас оставив една резерва знаејќи го неговиот карактер и обичај честопати да ги менува своите изјави и ставови, претпладне да кажува едно, а попладне друго, така што треба будно да се следи особено откако почнаа да ги даваат изјавите другите негови партнери како што е Зијадин Села, како што е партијата ДУИ, коишто јасно и гласно кажуваат дека тиранската платформа ќе се реализира, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за реализација на проекти во Демир Капија.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, реакцијата на граѓаните со осудмесетдневните мирни протести низ улиците била оправдана. Луѓето, потенцираше Груевски, почувствуваа дека се подготвуваат работи што не се добри за иднината на Македонија.