Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски и Јанакиески повторно на суд за „Шамарите“ во Центар

Груевски и Јанакиески повторно на суд за „Шамарите“ во Центар

Продолжува судењето за случајот „Насилство“ во кој обвинет е екс-премиерот Никола Груевски. Денеска во кривичниот суд како сведоци се поканети околу 22 сведоци, меѓу кои градоначалникот на општина центар Андреј Жерновски, претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, директорот на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ.

Обвинението, го терети првообвинетиот Груевски дека со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.

Претходното рочиште во случајот „Насилство“ се одржа на 10 март. Но, тогаш во судницата не се појавија Груевски, Jaнакиески, Рангелова но и другите останатите единаесетмина обинети за насилство. Тогаш Никола Додевски адвокат на дел од обвинетите објасни , дека неговите клиенти не се појавиле бидејќи има решение со кое Советот на јавни обвинители бара промена на обвинителот во случајот, односно на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судскиот процес за нарачување и извршување на насилство во општина Центар, а во овој предмет, обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова. Според обвинението, Груевски во случајот е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.