Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски ги слушна барањата на жителите на Радожда

Груевски ги слушна барањата на жителите на Радожда

Груевски со последна средба со граѓаните на Радожда ја заврши посетата на Охридско-Струшкиот регион при која истакна реализација на повеќе ветени проекти од платформата на ВМРО-ДПМНЕ, а исто така ги слушна и предлозите за сите потреби и нови барања на жителите.

Присутните побараа да се асфалтираат и останати околу 500 метри од пристапниот пат кој води до Радожда, за кои Груевски и ресорниот министер им ветија дека ќе бидат завршени до крајот на годината. 

Жителите на струшкото село Радожда на средбата истакнаа дека решавањето на проблемот со фекалната канализација за нив претставува најголем приоритет и им беше посочено дека решението ќе се бара преку ИПА фондовите на Европската унија. Доколку не се обезбедат на овој начин прашањето со изградба на кракот кај Радожда од колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро ќе се решава со државни средства. Вкупната проценета вредност за оваа инвестиција е околу 10 милиони евра, а само за Радожда потребни се околу еден милион евра.

Граѓаните побараа и решавање на повеќе комунални и урбанистички проблеми, како и поголема поддршка и вклучување во стратегијата за развој на туризмот.