Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Доста е од бојкоти, да ги спроведеме реформите

Груевски: Доста е од бојкоти, да ги спроведеме реформите

Меѓу политичките пораки кои денес ги упати премиерот Никола Груевски е и заложбата за исполнување на договорот со опозициската СДСМ од кој произлегуваат повеќе обврски, како назначување специјален обвинител, промена во дел од министерските места, како и одржување на предвремени парламентарни избори во април 2016-та.

Груевски потенцира дека прашањето на специјален обвинител не е проблем и тој треба да има целосна институционална слобода во работата, да има доволно средства за исполнување на сите задачи со свои помошници, соработници и истражители, но и да делува објективно и независно.

Кон лидерите опозицијата упати и критики дека бегаат од одговорност и од избори, во страв да се соочат со сопствените партии, но и гласачите. Реформите на политичкиот систем мора да се спроведат и на Македонија повеќе не и требаат политичари кои бојкотираат, заклучи Груевски на свечената академија по повод 8 септември.