HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски бара 63 пратеници да го спречи Заев да ја разнебител Македонија

Груевски бара 63 пратеници да го спречи Заев да ја разнебител Македонија

gruevski-miting

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот митинг ја продолжи веќе утврдената реторика со која Зоран Заев е прогласен за предавник на македонските интереси и затоа побара 63 пратеници со кои ќе може да ги спречи погубните политики на СДСМ.

– Само со 63 пратеници  за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тоа е главната гаранција за завршување на кризата и сигурност дека Зоран Заев и неговата банда нема да продолжат да ја дестабилизираат Македонија со нивните игри и манипулации. Тој што си ја почитува својата нација знае да ги почитува и другите, тој што ја почитува својата вера знае да почитува и туѓата. Тој што не си почитува својата вера и нација не ја почитува другата. Заев не си ја почитува својата нација, со својата нација игра мајтап, тој се однесува неодговорно. Ако ја лаже својата нација ќе ги лаже и другите, човек што лаже секогаш  лаже, човек што не почитува, секогаш не почитува, истакна во својот говор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски на митингот во општина Карпош.

Останаа уште 15 на дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, до ставање на крај на она што две и пол години Заев Шекеринска и го прават на Македонија, продолжи Груевски.

– Исклучително е важно кризата да заврши, кризата ќе заврши само со 63 пратеници  за ВМРО-ДПМНЕ и ко алицијата, тоа е главната гаранција за завршување на кризата и сигурност дека Зоран Заев и неговата банда нема да продолжат да ја дестабилизираат Македонија со нивните игри, манипулации. Дека нема некој од горе како што пишува Заев порака, дека некој од горе ќе го донел. Ако некогаш биле потребни 63 пратеници за иднината на Македонија, тоа е сега, порача Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com