HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби спремен да сведочи за „Диво насеље“, останатите функционери на ДУИ чекаат покана

Груби спремен да сведочи за „Диво насеље“, останатите функционери на ДУИ чекаат покана

artan-grubi

Артан Груби, еден од најистакнатите членови на ДУИ, посочи дека е спремен да сведочи со своите сознанија за вооружената пресметка во Диво Насеље. Неговиот став го делат и дел од високите претставници на ДУИ кои од одбраната на осомничените терористи беа посочени  како можни сведоци, па чекаат судска покана, додека пак други воопшто немаат намера да го коментираат случајот, пренесува АлсатМ.

Поранешниот вицепремиер Муса Џафери и натаму останува недостапен за да каже дали ќе се појави или не како сведок. Единствено шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби е подготвен да учествува на судското рочиште ако одбраната побара нешто такво, за да го даде својот придонес-правдата да излезе на виделина.

„Јас сум подготвен за да бидам во служба на правдата, ако било која од страните во процесот го смета за корисен и за помош мојот скромен придонес“ – вели Груби.

Адвокатот Насер Рауфи, на вчерашното рочиште за обвинетиот Сулејман Османи во врска со настаните од 9 и 10 мај минатата година во Дива Населба, истакна дека сведочењето на овие лица е важно, бидејќи биле вклучени во настаните во Куманово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com