Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрците протестираат, ама ќе мора да штедат

Грците протестираат, ама ќе мора да штедат

Без оглед на можностите грчкиот народ продолжува да протестира иако на сите им е јасна дека единствен излез од кризата е да се прифатат наметнатите мерки на штедење кои ќе скратат многу државни субвенции и бенефиции, но затоа пак Грција ќе го добие и третиот пакет на помош од ЕУ за надминување на огромниот долг кон кредиторите. И покрај тоа што плоштадите во Атина се преполни со демонстранти Парламентот на Грција ќе ги изгласи новите мерки, без оглед на негодувањата.