Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрците протестираа оградите да се урнат за да не гинат мигранти

Грците протестираа оградите да се урнат за да не гинат мигранти

На границата со Турција околу 500 демонстранти бараа рушење на оградата за мигрантите кои транзитираат да може да влезат во Грција по копнен пат со што ќе се намали ризикот од поморски несреќи во кои загинаа илјадници мигранти, меѓу кои и 70 деца според најновите податоци на УНХЦР. Вчерашниот протест заврши со судир со граничната полиција, а од владата соопштија дека од практични причини нема да ја срушат оградата, туку ќе чекаат поголема помош од ЕУ за спасувачките мисии во Егејското море.