Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрците незадоволни му порачаа на Ципрас: ДОСТА Е!

Грците незадоволни му порачаа на Ципрас: ДОСТА Е!

Во текот на вчерашниот ден, Јавниот транспорт и јавните служби  на Грција одржаа генерален штрајк во главниот град Атина. Ова е втор генерален штрајк во изминативе неколку недели, но според пишувањата на медиумите во протестите биле мобилизирани помал број на луѓе кои се незадоволни со реформите на пензискиот систем што владата на Ципрас мора да го спроведе според договорот со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во замена за пакетот број 3 за финансиска помош „тежок“ 86 милијарди евра.

Според проценките кои доаѓаат од атинската полиција, околу 8,000 луѓе бие дел од протестното движење во центарот на градот, повикани од комунистичкиот синдикален фронт „РАМЕ“, додека пак околу 6.500 луѓе биле во другата поворка која беше предводена од двата најголеми синдикати на работниците во јавниот и приватен сектор. Претходниот штрајк кој беше на 12-ти Ноември броеше нешто повеќе од 20,000 протестанти.

Вчерашниот штрајк највеќе беше ориентиран према јавниот сектор, државната управа, сите траекти кои пловат кон островите, болниците и училиштата, а вон функција беше и јавниот транспорт во градот.

„ДОСТА Е!“ беа само дел од извиците и транспарентите кои можеа да се видат на протестот, револтираните граѓани извикуваа„ сите сме против пензиите кои ќе ги убијат луѓето“.
Синдикатите повикаа на овој штрајк протестирајќи против големата реформа на пензискиот систем која владата на коалицијата на радикалната левица Сириза на премиерот Алексис Ципрас, мора да ја започне на почетокот од 2016 година, за да ги почитува обврските кои во јули ги презема кон доверителите.

Штрајкот, исто така, претставуваше предупредување пред ноќта кон неделата да се гласа за буџетот кој ќе содржи многу штедења, како и впрочем сите грчки буџети од 2011 година, без разлика дали ги носеше десницата или левицата. Ципрас во саботата вети дека пензиската реформа ќе се спроведе „без нови болни кастрења на пензиите“, но неговата влада сé уше ги нема објавено главните насоки.
Ципрас, кој во јануари годинава првпат дојде на власт, во надеж дека земјата ќе ја ослободи земјата од ригорозните штедења кои ја притискаат од 2010 година, мораше да се откаже од многу ветувања кои ги даде неговата левица. Така, дури и неговата Сириза ги повика своите симпатизери да ги поддржат денешните два штрајка.

За да ја зајакне позицијата, Ципрас мината сабота се обиде да ја придобие опозицијата, во којашто предничи Нова демократија (од десниот центар) која обично ги поддржува мерките договорени со кредиторите, но наиде на спротиставување и од десницата и од социјалистите, иако тие на 13-ти јули го одобрија договорот за 86-те милијарди евра.

Во таквите неповолни прилики, грчката влада и во моментов е изложена на критики поради нејзините постапки во имигрантската криза и бегалците кои со илјадници се истоваруваат на грчките острови.