Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГрција за струја должи две милијарди евра

Грција за струја должи две милијарди евра

Јавната енергетска компанија на Грција, како најголем дристрибутер на електрична енергија во државата, се изјасни со побарувања во износ од две милијарди евра.

Претседателот на Синдикатот на работници ГЕНОП, Јоргос Адамидис, изјави дека најголемите должници за струја во Грција се граѓаните, со вкупен долг од 1,5 милијарди евра. Останатите задолжени половина милион евра се однесуваат на големите компании (280 милиони) и држават (220 милиони), пренесува грчкиот весник Катимерини.