Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција воведува данок на луксуз

Грција воведува данок на луксуз

Грција воведува данок “луксуз” за сопствениците на луксузни јахти со должина над 20 метри. Најбогатите слоеви на општеството ќе плаќаат годишен данок во износ од 28 илјади евра, поддржувајќи ги најсиромашните граѓани со таканаречениот “Данок солидарност”, се наведува во економскиот весник “Имерсија”.

Данокот е дел од мерките на Владата на Алексис Ципрас, кои имаат за цел зголемување на приходите во буџетот. Со 30% повисок данок ќе бидат оданочувани и сопствениците на автомобили со зафатнина на моторот над 2500 кубни сантиметри, на базени, авиони и за прв пат и сопствениците на јахти, пишува весникот.
vila cЗа 4-годишните автомобили со мотори 2.500 кубика, со проценка околу 24 0000 евра, нивните сопственици ќе плаќаат годишеn данок на луксуз во износ од 3094 евра, а за автомобили со истиот капацитет на моторот, на седум години, ќе се плаќа по 2166 евра. Сопствениците на базени со димензии од 60 метри на државната каса ќе плаќаат 1248 евра, а кај големините од 100 кв.м, данокот ќе биде 2912 евра. Базенот со димензии од 50 метри во внатрешноста на куќата ќе го чини сопственикот 2080 евра годишно.

Јахтите или чамците со должина од 7 м, проценети на околу 12 000 евра, ќе бидат оданочувани со даночна стапка од 1560 евра. За оние со над 20 метри, во вредност од над 211 000 евра, ќе се плаќа 27 500 евра данок секоја година. Се очекува во септември грчката влада да воведе нови даноци за сопствениците на луксузни станови и куќи. Се очекува новиот данок да акумулира приходи за Трезорот во износ од 2,65 милијарди евра годишно.