Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција во големи маки при справувањето со бегалската криза

Грција во големи маки при справувањето со бегалската криза

Актуелниот проблем кој ги надминува како грчките граници, така и границите на Европа не е лесна задача со која може да се совлада кризата со миграцијата, изјави Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас.


„Грција не може повеќе да задржува илјадници мигранти кои доаѓаат во земјата. Нашата земја не може да се справи со тоа, нашата економија не може да се справи со тоа, истакна тој.“


Тоскас бил во посета на стадионот за таеквондо во Палио Фалиро, каде изминатиов викенд дојде до тепачки меѓу групи мигранти од разни земји. Според некои извори, судирите биле меѓу групи мигранти од Мароко и од други земји по взаемни обвинувања дека некои од мигрантите украле мобилни телефони и пари од други мигранти.

На новинарско прашање во врска со заедничко писмо кое тој и министерот за миграција Јанис Музалас го испратиле до еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос, Тоскас изјави:


„Враќањето на мигранти од земјите на ЕУ мора да се врши во согласност со регулативите и договорите на Унијата ,со цел бројот на луѓето кои Грција може да ги поддржи да се задржи на одржливо ниво.“