Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција со вонредни избори на 20-ти септември

Грција со вонредни избори на 20-ти септември

Прокопис Павлопулос, претседателот на Грција, потпиша декрет за распуштање на Парламентот и одржување на вонредни избори на 20-ти сепември и одржување на седница на новиот парламентарен состав на 1-ви октомври, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Претходно,повеќето членови на новата Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва.