Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција се заканува со вонредна состојба ако Македонија не почне да пропушта повеќе мигранти

Грција се заканува со вонредна состојба ако Македонија не почне да пропушта повеќе мигранти

Грција предупреди дека ќе прогласи вонредна состојба ако во следните три дена Македонија не почне да пропушта повеќе мигранти. Македонските власти одговараат дека пропуштањето на бегалците не зависи од нив, туку од пропустливоста на Србија и на другите земји по рутата. Македонските служби денеска не дозволија влез на ниту еден бегалец.

Околу 1000 мигранти вчера ја блокираа пругата меѓу Грција и Македонија на грчка страна со барање Македонија да ја отвори границата и да ги пропушти кон западна Европа. Во моментот во Грција има 30 илјади бегалци распоредени во 28 кампови. Состојбата во кампот кај пограничниот грчки град Идомени е алармантна.

Војската почна да поставува жичана ограда и на патот од границата до прифатниот центар кај Гевгелија во обид да се спречат бегалците по влегувањето во Македонија да се оддалечат и самостојно да го продолжат патувањето без да бидат регистрирани. Во кампот кај Гевгелија до денеска имаше 700 бегалци. 400 од нив со воз се префрлени до Табановце, но кампот и на овој граничен премин е полн. Има околу 800 мигранти, дел кои чекаат влез во Србија, дел веќе вратени од српските власти.

Синоќа поради анонимна дојава за поставена бомба беше затворен главниот граничен премин меѓу Србија и Унгарија, Хоргош-Реске кај Суботица.