Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција се подготвува за насилство во пресрет на враќањето на бегалците во Турција

Грција се подготвува за насилство во пресрет на враќањето на бегалците во Турција

 

На грчкиот остров Хиос се случува бунт од страна на бегалците поради нивното депортирање во Турција. Грчаката влада се подготвува за насилство поради спровеување на договорот од Европската Унија, според кој од понеделник ќе започне враќањето на мигрантите кон Турција.

Немирите кои заробените бегалци ги предизвикуваат, ја зголемуваат загриженоста на Атина. Грижите се зголемуваат прашањето за практично изведување на договорот кој е веќе нарушен поради растечката загриженост за неговата законистост. Веќе 800 луѓе побегнаа од прифатниот центар во Хиос. Околу 750 мигранти треба да бидат испратени назад, меѓу понеделник и среда, од островот Лезбос до турското пристаниште Дикили.

„Очекуваме насилство. Луѓе во очај се со тенденција да бидат насилни“, изјави портпаролот за миграција на владата предводена од левичари, Јоргос Кирицис за „Обсервер“.

24 часа пред договорот да стапи во сила, се дозна дека Фронтекс, граничната организација на ЕУ, не испратила соодветен персонал за да ја надгледува операцијата. Осум чамци на Фронтекс ќе пренесуваат мажи, жени и деца, кои се во притвор на грчките острови и се избрани за депортација, назад преку Егејско Море, по брзите разгледувања за азил. Но, од 2.300 претставници кои ЕУ вети дека ќе ги испрати во Грција, досега пристигнаа само 200, изјави Кирицис.