Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрција не попушта на притисоците за спорот со името

Грција не попушта на притисоците за спорот со името

Грција нема да потклекне на притисоци и да се откаже од нејзините национални позиции за спорот за името – порача грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Во интервју за грчкиот неделник „Риал њуз” за решавање на името на Македонија за побрзо да влезе во меѓународните организации, Коѕиас отфрла можност Грција да прифати решение коенема да е во согласнист со грчките граници.

“Не знам кој кого сака да притисне, сите знаат дека не можат да ни извршат притисок и знаат дека не отстапуваме од она што сметаме дека е правилно за интересите на нашиот народ и за европските вредности и принцип” – вели Коѕиас.

Коментирајќи ја кризата во Македонија, Коѕиас вели дека Грција е загрижена поради недостатокот на култура за компромис внатре во државата. Потенцира дека сакаат во Македонија да функционира демократијата и правната држава.

На прашање дали грчката влада стравува од формирање на „Голема Албанија“, Коѕиас посочува дека Грција и ЕУ нема да дозволат остварување на нечиј сон за лажни големи држави.

„Грниците на Европа се конeчни и оној кој ќе се обиде да си поигра со нив ќе се соочи со големи и сериозни последици“ – додава Коѕиас.