Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција на референдум – ММФ вели дека е залуден

Грција на референдум – ММФ вели дека е залуден

Грчкиот Парламент го одобри предлогот на грчката Влада за одржување референдум во однос на последните предлози на меѓународните кредитори за реформи во замена за финансиска помош. Со 178 гласа „за“ и 120 „против“ пратениците го усвоија предлог. Пратениците од редовите на радикалната лева партија „Сириза“, нивните коалициони партнери од партијата „Независни Грци“ и пратениците од неонацистичката „Златна зора“ ја одобрија иницијативата за референдум.

Против неа беа претставниците на конзервативната „Нова демократија“, социјалистичката ПАСОК, Грчката комунистичка партија и центристичкјата „Потами“. Премиерот Алексис Ципрас воедно ги повика Грците на референдумот на 5 јули да ги отфрлат условите кои ги нудат кредиторите. Од собраниската говорница тој рече: Грчкиот народ ќе каже едно големо „не“ на ултиматумот и истовремено ќе каже „да“ за солидарна Европа.
mmf
Истовремено, директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ја исклучи можноста да биде дозволено одложување на исплатата на долгот на Грција кон фондот, рок кој изминува на 30 јуни.

– Кога зборувам за ММФ ја имам предвид меѓународната заедница. 1,6 милијарди долари треба да бидат платени до вторник до 18 часот, според американско време во Вашингтон. Тие пари припаѓаат на меѓународната заедница, што значи и на луѓе кои имаат понизок стандард од Грците. Се надевам дека уплатата ќе биде извршена до 18 часот во вторник, категорично порача Лагард.

Таа уште оцени дека референдумот планиран за 5 јули нема правна сила, бидејќи предлозите на кредиторите важат до 30 јули и Грците на 5 јули ќе гласаат за предлози кои веќе нема да бидат во сила.