Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција ќе каже охи на еврото – Брисел исплашен од домино ефект

Грција ќе каже охи на еврото – Брисел исплашен од домино ефект

Грчкиот премиер Алексис Ципрас повлече изненадувачки потег со најавата за народен референдум на 5 јули со кој ќе треба да се одговори на странските кредитори и тешките услови на штедење, компезирање на надворешниот долг и прифаќање на како што грците го нарекоа кредитен ултиматум. До постигнување на договор не дојде ниту по интензивни преговори во Брисел и Советот на ЕУ изминатите денови, ниту пак речиси пет месечните убедувања на Грција да ги исполни своите обврски.

cipras2– Нашата одговорност е за иднината на нашата држава. Имаме должност која не обврзува да одговориме на овие ултимативи преку суверената волја на грчкиот народ, изјави Ципрас во телевизиското обраќање до нацијата со кое го најави референдумот на кој граѓаните ќе треба да се одлучат дали ќе останат во еврозоната со прифаќање на тешки финансиски услови или пак ќе се вратат на драхмата.

Ципрас објасни и дека прифаќањето на барањата на кредиторите е непочитување на социјалната правда и ќе доведе до крах на кревката грчка економија. Доколку Грција излезе од еврозоната исто така ќе се доближи на прагот на сиромаштија бидејќи тоа нема магично да го реши долгот. Брисел не посакува никако Грција да ја напушти еврозоната што може да доведе до голема паника на финансискиот пазар и како домино ефект да ги сруши и кревките односи со повеќе земји во криза.