Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција ќе добие милиони евра да се справи со имиграцијата

Грција ќе добие милиони евра да се справи со имиграцијата

Европската Унија ќе и додели на Грција најпрво 470 милиони евра за справување со миграцијата, почнувајќи од подобрување на системот со управување на границите, подобри услови во капацитетите за сместување на барателите за азил, а потоа зголемување на капацитетите.

migranti

Средствата ќе бидат обезбедени од Фондот за миграција, азил и интеграција, а дополнителни средства ќе и бидат доделени на Грција од Фондот за внатрешна безбедност за повеќе програми во наредните десет години. Претходно Владата на Грција преку Ципрас се пожали дека не може да се справи со мигрантите и неопходна и е европска солидарност.