Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција ја отвара берзата после 5 недели пауза

Грција ја отвара берзата после 5 недели пауза

Грција денеска презема уште еден чекор за излегување од кризата со тоа што ќе ја отвори берзата во Атина. Тоа е за прв пат по пет недели и се очекува таа да забележи пад.

Тргувањето на берзата во Атина беше запрено кон крајот на јуни како дел од мерките за контрола врз капиталот со цел да се оневозможи негово истекување надвор од земјата поради заканата од колапс на банките во Грција и излегување од еврозоната.

Од тогаш Атина се согласи на планот за финансиска помош понуден од партнерите во Европската унија во замена за остри мерки на штедење и економски реформи.