Wednesday, Oct 18, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионГрција и сврте грб на Србија-ќе го поддржи Косово

Грција и сврте грб на Србија-ќе го поддржи Косово

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на средбата со косовскиот премиер Исa Мустафа изјави дека Атина ќе го поддржи зачленувањето на Косово во меѓународните организации.

Како што јавија приштинските медиуми, Коѕијас избегнал да одговори на новинарско прашање дали Грција ќе го признае Косово.

– Грција ќе му помогне на Косово да се зачлени во некои меѓународни организации, посочи Коѕијас, додавајќи оти Атина ќе отвори Канцеларија за соработка меѓу Грција и Косово.

Мустафа му се заблагодари на Коѕијас за поддршката од Грција за Косово.