Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрција и кажа Охи на Европа и мерките за штедење

Грција и кажа Охи на Европа и мерките за штедење

Граѓаните на Грција на денешниот референдум со над 60 проценти од гласови се изјаснија со „не“ за предложениот пакет мерки на штедење и кратење на социјалните бенефиции и државни субвенции, со што премиерот Ципрас доби мала предност пред постигнувањето на договор со кредиторите кои ќе треба да ја почитуваат волјата на грчкиот народ.

grcija

Грција во наредниот период може да се соочи со целосно губење на ликвидноста на државата за исплаќање на обврските, враќањето на долговите и функционирање на економијата, што може да доведе до излез од еврозоната и враќање на домашната валута драхма, но со тоа значително ќе опадне вредноста на економијата и стандардот.

Кредиторите и финасиерите може да го остават Ципрас одреден период сам да се мачи со сите економски предизвици се додека опоцизијата не побара нови избори и постигнување на нов договор за отплата на долгот во кој ќе бидат опфатени и строгите мерки на штедење за кои се стравува дека значително ќе го успорат економскиот раст во наредните години, а ќе предизвикаат огромни социјални проблеми и можна побуна на народот.